KulturKontakt Austria - Република Македонија
 
KKA auf Facebook KKA auf twitter KKA auf youtube KKA auf flickr

Скопје:Во тесна соработка со македонското Министерство за образование, Центарот за стручно образование и обука и други национални образовни установи ККА поддржува проекти во образованието со фокус на стручното образование. Проектите ги води Регионалната канцеларија на ККА во Тирана.Фокус: Учење претприемништвоПримери:Учење претприемништвоУнапредувањето на претприемништвото како мотор за економскиот развој, но и како клучна компетенција што овозможува најдобро можно искористување на личниот капацитет на поединецот, претставува приоритет за развој во ЕУ и надвор од неа. Образованието игра централна улога во овој контекст. За успешно унапредување на учењето претприемништво потребни се пред се нови пристапи и средини за настава и учење и нови партнерства со стопанството. Надоврзувајќи се на искуствата со спроведувањето настава со училишни компании во Југоисточна Европа од 2001 г., од есента

Artikel

 Partnerländer

Република Македонија


Скопје:
Во тесна соработка со македонското Министерство за образование, Центарот за стручно образование и обука и други национални образовни установи ККА поддржува проекти во образованието со фокус на стручното образование. Проектите ги води Регионалната канцеларија на ККА во Тирана.

Фокус:

  • Учење претприемништво


Примери:

Учење претприемништво
Унапредувањето на претприемништвото како мотор за економскиот развој, но и како клучна компетенција што овозможува најдобро можно искористување на личниот капацитет на поединецот, претставува приоритет за развој во ЕУ и надвор од неа. Образованието игра централна улога во овој контекст. За успешно унапредување на учењето претприемништво потребни се пред се нови пристапи и средини за настава и учење и нови партнерства со стопанството. Надоврзувајќи се на искуствата со спроведувањето настава со училишни компании во Југоисточна Европа од 2001 г., од есента 2014 г. ККА соработува со експерти од Албанија, Косово и Македонија на воведување нови методи за настава и учење во рамките на регионалниот проект „Учење претприемништво“. Во сите три земји предметот „Претприемништво“ е застапен во стручните училишта најмалку во една учебна година. Цел на проектот е да даде придонес кон подобрување на квалитетот на наставата по претприемништво во стручното образование.

Во рамките на проектот беа обучени 17 мултипликатори од трите земји за пренесување нови пристапи во наставата и учењето за претприемништво и беа развиени модули за обука за наставата по претприемништво. Тие се основа за обука на околу 250 наставници од повеќе од 130 стручни училишта во трите партнерски земји за примена на иновативни пристапи во наставата по претприемништво. Истовремено беше подготвен повеќејазичен сет со алатки што им се става на располагање на стручните училишта во земјите за наставата по претприемништво. Во рамките на иновативните пристапи во наставата и учењето фокусот се става на соработката меѓу училиштата и стопанството.

Контакт
Nina Beširević (координатор за образование)

За одделот:

Клучни области:




auf Facebook teilen twitter Drucken